Полицијата во Вањљево вчера го уапсила 75 годишниот Ј.К.(75) поради сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство затоа што ја претепал сопругата својата сопруга на терасата од семејниот стан.
Маж од својот стан видел дека постар маж удира жена на терасата од зградата спроти неговата. Тој повикал полиција, а патролата по пријавата излегла на терен. Осомничениот маж е уапсен, а жената е испратена во Ургентниот центар на болницата во Ваљево за да се утврди степенот на повредите кои ги добила од сопругот.
На социјалните мрежи се појави видео од брутално насилство врз жената. На видеото кое е снимено со мобилен телефон, се гледа како жена лежи на подот од терасата, додека маж стои над неа и ја удира со раце по главата и телото.
Valjevo! pic.twitter.com/oE9S8JUzwT
— Pluton (@Pluton45873221) September 2, 2023