Две жени загинаа вчера околу 10 часот, кога се урна висечкиот мост кај Овчар Бања, кај манастирот Јованје.
Трагедијата се случила кога околу 20 туристи од Босна и Херцеговина, кои дошле да ги посетат манастирите во Србија, во исто време почнале да го минуваат мостот.
Во еден момент се скинала сајлата на инаку дотраениот мост и луѓето буквално во секунда се најдоа во заледената река.
Немаше начин да се спасат двете жени, додека спасувачите, свештениците, возачите и случајните минувачи успеаја да ги извлечат останатите на брегот.
Повеќе од десет лица се префрлени во болницата во Чачан, а тројцата најтешко повредени треба да бидат префрлени во Ортопедскиот завод Бањица во Белград.
На интернет се појави снимка од моментот кога мостот се руши а луѓето паѓаат во судената Морава.
View this post on Instagram