петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вработените во јавниот сектор во Словенија се заканија со штрајк ако не им се зголемат платите

Вработените во јавниот сектор во Словенија се заканија со штрајк ако не им се зголемат платите

Словенечките синдикати на вработените во јавниот сектор се заканија со штрајк доколку Владата не одговори на нивните барања до следната недела за зголемување на платите.

Претставниците на Синдиактот, Бранимир Штрукељ и Јакоб Почивавшек во преговорите со Владата, синоќа изјавија дека се уште не добиле одговори на предлозите, а тоа очекуваат да го сторат најдоцна до вторник.

Тие истакнаа дека ако најдоцна до 15 февруари не добијат одговор ќе стапат во штрајк.