Претпладнево, околу 10 часот, по локално време, почна вториот и последен ден од расправата во грчкиот Парламент за доверба на владата, што ќе кулминира на полноќ со гласање од пратениците, јави дописничката на МИА од Атина.
Денешната расправа, продолжи онаму каде што беше прекината синоќа на полноќ, со обраќања на пратеници и министри од владата.
Непосредно пред гласањето повторно ќе се обрати грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Според последните пребројувања и јавно изнесени ставови од пратениците, владата на Ципрас ќе ги добие потребните 151 глас за да доверба и поддршка.
Освен 145-те пратеници на СИРИЗА, се очекува, позитивно да гласаат независната пратеничка и алтернативна министерка за цивилна заштита Катерина Папакоста, двајца поранешни и двајца сегашни членови на Независни Грци, Елена Кундура, Василис Кокалис, Танасис Папахристопулос и Костас Зурарис, како и довчерашниот пратеник од Река, Спирос Данелис.
МИА