сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Втори јануари прогласен за ден на жалост во Хрватска

Втори јануари прогласен за ден на жалост во Хрватска

Хрватската влада го прогласи 2 јануари за ден на жалост поради жртвите во земјотресот што вчера ја погоди земјата.

Владата едногласно го прифати прогласувањето на денот на жалост. Како што рече премиерот, Андреј Пленковиќ, за тоа биле информирани претседателот на државата и парламентот. На почетокот на седницата беше одржано едноминутно молчење.

Во земјотресот со јачина од 6,2 степенa според Рихтеровата скала загинаа седум лица, а десетици беа повредени.