среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ и Курти на средби во Брисел со претставници на ЕУ

Вучиќ и Курти на средби во Брисел со претставници на ЕУ

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска во Брисел одвоено се сретнаа со претставниците на Германија, Франција и Италија, како и со специјалниот пратеник за дијалог Мирослав Лајчак и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Претходниот викенд претставници на „големата петорка“ беа во Белград и во Приштина, каде разговараа со Вучиќ и Курти, по што беше најавено дека двајцата лидери ќе отпатуваат за Брисел.

По денешниот состанок, Курти не даде изјави за медиуми.

Лајчак, одговарајќи на новинарски прашања, пред почетокот на средбите во Брисел изјави дека преговорите повеќе не се „земи или остави“. Како што додаде, ова мора да биде помирување меѓу двете страни.

Тој истакна дека има големи очекувања од денешните средби.

Имам големи очекувања, да одиме напред, посочи Лајчак и додаде дека се чека имплементација на договорот.