вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ и ММФ со задничка оценка за одличните резултати на Србија

Вучиќ и ММФ со задничка оценка за одличните резултати на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со која разговараше за фискалната, монетарната и енергетската стабилност, јави дописникот на МИА од Белград.

„Шефот на Мисијата на ММФ, Донал Мекгетиган, истакна дека Србија постигнала одлични резултати, строго следејќи ги препораките на ММФ и имплементирање на целите дефинирани со аранжманот со оваа институција. За тоа сведочат рекордните девизни резерви, добрите резултати на фискалната политика, високиот прилив на директни странски инвестиции, како и податоците од пазарот на труд за силен раст на вработеноста“, соопштија од службата за односи со јавност на српскиот претседател.

Во соопштенеито се наведува дека Мекгетиган нагласил дека Србија навремено реагирала со соодветни економски мерки на инфлаторните притисоци и дека ММФ очекува стапката на инфлација на крајот на годината да биде на или под осум отсто.

Зборувајќи за реформата на државните и јавните претпријатија, претставниците на ММФ ги поздравија преземените чекори за трансформација и стабилизирање на ЕПС и укажаа на неопходноста од забрзување на реструктуирањето на државните претпријатија.

Вучиќ се заблагодарил за оценката дека Србија одговорно ја спроведува програмата договорена со ММФ. Тој посочи дека е зачувана макроекономската стабилност, како и доброто деловно опкружување и додаде дека и покрај бројните предизвици на светскиот пазар, Србија успеала да ја зачува економијата, па дури и дополнително да ја зајакне, се наведува во соопштението.