сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ВУЧИЌ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ГО ПОСТАВИ ДАЧИЌ ЗА ПРЕМИЕР? Се спрема реконструкција на српската влада

ВУЧИЌ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ГО ПОСТАВИ ДАЧИЌ ЗА ПРЕМИЕР? Се спрема реконструкција на српската влада

Српскиот претседател Александар Вучиќ најверојатно ќе изврши смена на премиерското место и наместо Ана Брнабиќ на таа позиција ќе го именува министерот за надворешни работи и лидер на СПС Ивица Дачиќ, дознава Нова.рс.

Претходно Ана Брнабиќ неколку пати изјави дека е подготвена да поднесе оставка, а доколку тоа навистина се случи, во игра за нејзин наследник најсериозен кандидат е Ивица Дачиќ. Дали ќе биде така ќе се дознае вечерва кога на јавноста ќе ѝ се обратат српскиот претседател Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ, пишува Нова.рс.

Вучиќ и Дачиќ вчера имаа средба која претседателот на СПС ја оцени како „многу добра“. Информацијата за таа средба и двајцата ја споделија на Инстаграм.

„Националното единство и политичката стабилност се најважните национални и државни интереси. Многу добар разговор со претседателот Александар Вучиќ“, напиша Дачиќ на Инстаграм.

Вучиќ изјави дека имал разговор со лидерот на СПС „за иднината на Србија, заедничките планови, програми и мерки“.

„Утре вечер ќе презентираме дел од она на што напорно работиме со недели“, изјави тој.

Не е исклучено владејачкото мнозинство да одлучува за вонредни избори, но според информации на Нова.рс, во моментов пореална опција е реконструкција на Владата.

Се шпекулира и дека доаѓањето на Дачиќ на чело на Владата би послужило како добар аргумент за приклучување кон „Движењето за народот и државата“ на Вучиќ, бидејќи дел од социјалистите се против приклучување кон таа организација.

Инаку, претходно беше најавено дека претседателот на Србија во четврток ќе присуствува на седницата на Владата на која ќе се донесат „многу важни, стратешки одлуки кои ќе ја одредат иднината на државата“.