петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ го обвинува Твитер за цензура: Со нетрпение чекам да ме исклучат и да бидам уште еден Трамп

Вучиќ го обвинува Твитер за цензура: Со нетрпение чекам да ме исклучат и да бидам уште еден Трамп

Твитер означи 11 медиуми во Србија како „медиуми што соработуваат со Владата“ и најави дека нема да ги препорачува на своите корисници

Со нетрпение чекам да ми го исклучат налогот и да бидам уште еден Трамп во светот, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ откако РТВ стана 11. медиум во Србија што Твитер нема да го препорачува на своите корисници, означувајќи го како медиум чија уредувачка политика ја контролира Владата, преку финансирање или директни или индиректни притисоци.

Како што објави Н1, Вучиќ не гледа што е тука спорно.

„Па со кого ќе соработуваат? Со магнати, криминалци и крадци? Најнормално е тие да соработуваат со Владата. Ние ги плаќаме повеќето од тие медиуми, како држава. И тие ги плаќаат Гласот на Америка, Би -би -си, а не ги означија како владини медиуми. Ова води кон друго прашање, кој е, всушност, тука вистинскиот цензор. „Така што, едвај чекам да се исклучи мојот налог и да бидам уште еден Трамп во светот“, вели Вучиќ.

Твитер, како што пренесува Н1, ги означи налозите на телевизиите РТС, Пинк, Прва, Б92 и Хепи, како и на новинската агнеција Танјуг и на печатените весници „Курир“, „Информер“, „Политика“ и „Српски телеграф“ како „медиуми што соработуваат со Владата на Србија.

Српското министерство за култура реагираше дека е изненадено од овој потег на дсоцијалната мрежа.

Пролетта минатата година, Твитер соопшти денеска дека се избришани над 8 500 налози за промоција на Вучиќ и владејачјата Српска напредна странка. Тогаш, беа избришани и налози поврзани со владејачките партии во Египет, Хондурас, Индонезија и Саудиска Арабија.