Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека парламентарните избори ќе се одржат на 21 јуни 2020 година.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ по средбата со претставниците на партиите кои го најавија нивниот излез на престојните избори, изјави дека го прифатил предлогот на одделни партии, кои, како што кажа биле со став дека им се потребни 38 дена до одржување на изборите.
Тој кажа дека во мај нема да бидат дозволени митинзи и „особено нема да има митинзи на отворено“.
Вучиќ вчера најави дека изборите ќе се одржат на 14 или 21 јуни 2020 година, откако Собранието ќе ја укине вонредната состојба, воведена како резултат на епидемијата со новиот коронавирус, поради која и изборниот процес во Србија беше стопиран и изборите не беа одржани на 26 април, како што беше предвидено.