среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ ја затвора границата со Македонија, алармирани безбедносните служби по најавите за наплив на мигранти

Вучиќ ја затвора границата со Македонија, алармирани безбедносните служби по најавите за наплив на мигранти

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ издал упатства во случај на голем мигрантски притисок до Македонија. Налогот за приправност е доставен до војската, полицијата и припадниците на БИА.

Српските медиуми јавуваат дека Вучиќ дал налог речиси херметички да се затвори српската граница кон Македонија, доколку дојде до наплив на мигранти кои веќе со денови се обидуваат да влезат во Грција од турска страна.

Според „Новости“, Вучиќ се одлучил превентивно на ваков чекор водејќи грижа пред се за националната безбедност.

Вучиќ, пишуваат српските медиуми, секојдневно добивал оперативни податоци од безбедносните служби откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги отвори границите и ги пушт мигрантите. Српскиот претседател бил цврст во уверувањето дека Србија, доколку биде потребно, ќе ја заштити својата територија и нема да стане „паркинг за мигранти“.

Медиумите пишуваат дека ситуацијата станала сериозна кога Турција пуштила околу 130.000 мигранти кои се упатиле кон Европа по балканската рута која во најголем дел е затворена по мигрантската криза во 2015 година.