петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ: Курти одлучи да ги нападне Србите

Вучиќ: Курти одлучи да ги нападне Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста на својот инстаграм профил и во драматичното обраќање кажа дека косовскиот премиер Албин Курти решил да ги нападне Србите.

„По налог на Курти, сменета е денес од косовските институции српската судијка Љиљана Стевановиќ, за наутро е спремна смена на сите српски командири, сите српски полицајци кои беа на седницата на Советот за национална безбедност во Белград. Албин Курти реши да ги нападне Србите“, кажа Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека „Курти го прегази Бриселскиот договор и по негова волја и на оние кои го штитат, Бриселскиот договор повеќе не постои“.

„Курти е тој кој сака да го урне мирот на Косово, тој е тој кој со своите одлуки сака да го нападне српскиот народ секаде каде што живее, и на југот и на северот на Косово. Србија сака да го зачува мирот и поради тоа ја предупредуваме целата меѓународна заедница. Мојата последна порака е: Што и да правите, Србија ќе биде со својот народ“, кажа Вучиќ.