Српскиот претседател Александар Вучиќ му го честита на рускиот колега Владимир Путин Денот на безбедносните служби, соопштија од кабинетот на шефот на српската држава.
– Почитуван претседателе и драг пријателе. Искрено Ви го честитам Денот на припадниците на безбедносните органи на Руската Федерација, не само како претседател на Руската Федерација, туку и како човек, кој својата блистава кариера ја почнал во органите на државната безбедност, се наведува во честитката до Путин.
Српскиот претседател, исто така, се заблагодарил и за досегашната поддршка на Русија, изразувајќи задоволство од претстојната посета на Путин на Србија.