недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ прогласи победа во првиот круг со освоени околу 60 проценти од гласовите

Вучиќ прогласи победа во првиот круг со освоени околу 60 проценти од гласовите

Претседателот на Србија и кандидат на СНС, Александар Вучиќ вечерва соопшти дека според податоците на неговата партија, на досега обработениот избирачки материјал, освоил меѓу 59,9 и 60,1 процент од гласовите.

Резултатите се однесуваат на избројаните 85 отсто гласови од цела Србија, гласовите од Косово и дијаспорта.

Пред новинарите, во своето обраќање, истакна дека  Здравко Понош освоил 17,7 проценти од гласовите, Милош Јовановиќ- 5,9, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски 4,5 проценти.

Бошко Обрадовиќ – 4,4 отсто, Миша Вациќ – 0,9, Билјана Стојковиќ – 3,15 и Бранка Стаменковиќ – два проценти.

Александар Вучиќ е првиот српски претседател кој двапати попбедува во првиот круг од изборите.