Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му честиташе на писателот Петер Хандке, добитник на Нобеловата награда за литература.
Србија ве смета за вистински пријател. Дозволете ми да кажам дека Нобеловата награда за вас, ја сметаме како да сме ја добиле самите ние. Сега, освен Иво Андриќ, имаме уште еден нобеловец – истакна Вучиќ.
Вучиќ исто така истакна дека Хандке е награден со Нобел за „извонредната литературна работа, знаење и креативност“, но и за „неспоредливи морални квалитети, храброст и достоинство“.
Хандке Нобеловата награда за 2019 година ја прими вчера.