Како што пишуваат српските медиуми, поради убиството на Оливер Ивановиќ, претседателот на Србија Алксандар Вучиќ во 12 часот денеска закажал итна седница на Советот за национална безбедност.
Српската делегација во Брисел ги откажа започнатите преговори и итно се враќа во Белград поради убиството на Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица.
Во 13 часот денеска, претседателот на Србија ќе се обрати и до медиумите.