недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вулин бара ЕУ „да го заузда“ Харадинај

Вулин бара ЕУ „да го заузда“ Харадинај

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин ја повика Европската унија „да го заузда“ косовскиот премиер Рамуш Харадинај, велејќи дека се заканува со војна и дестабилизација на Балканот.

– Заканите со војна на Харадинај се доказ дека Косово не смее да има армија, и се причината зошто мора да има јасно разграничување меѓу нас и Голема Албанија. Неказнети терористи сонуваат да ги повторат своите злосторства и повторно да се скријат зад големите западни сили за да избегнат казна и пораз, изјави Вулин.

Според српскиот министер, во интерес на ЕУ е да го спречи Харадинај во неговите закани и планираната дестабилизација на Балканот.

Вулин побара на Косово да профункционира судот за воени злосторства извршени од страна на Ослободителната војска на Косово, за кој рече дека ќе води кон стабилизирање на регионот и помирување меѓу народите.

(Миа)