петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вулин: Kолку побрзо сфатиме дека ЕУ не нѐ сака, толку подобро ќе ни биде

Вулин: Kолку побрзо сфатиме дека ЕУ не нѐ сака, толку подобро ќе ни биде

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин рече дека колку побрзо прифатат дека земјата не ја сака Европската унија и дека нема место таму, толку подобро ќе им биде, додавајќи дека односот со ЕУ „не е прашање на емоции, туку на рационални одлуки“.

-Прашањето не е дали сакаме да влеземе во ЕУ, туку дали ЕУ ја сака Србија. Судејќи по налудничавите уцени на кои не изложуваат да го признаеме Косово, да ја укинеме Република Српска и да воведеме санкции кон Русија, тие не нѐ сакаат, изјави Вулин за „Вечерње новости“.

Тој изјави дека „ЕУ како сојуз е минато“ бидејќи со губењето на политичката независност, земјите од ЕУ „станаа територии, а не држави“.