петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

За една година 73 илјади работни места помалку во Хрватска

За една година 73 илјади работни места помалку во Хрватска

За само една година, од крајот на јуни минатата година до крајот на јуни оваа година, бројот на вработени во Хрватска се намали за повеќе од 73.000.

Бројот на невработени се искачи на повеќе од 150.000, што е невидено ниво на невработеност во Хрватска, пишува порталот Индекс.

Намалувањето на бројот на вработените и скокот на бројот на невработени се директните последици од корона-кризата, што ја одбележа оваа година.

На крајот на јуни во Хрватска, според Државниот завод за статистика, биле вработени 1.512,452 лица. Тоа е 73.021, или 4,6 проценти, помалку од крајот на јуни минатата година, кога, според конечните податоци на државната статистика, вкупно 1.585,473 лица биле вработени во земјата.

Со други зборови, пренесува порталот „Индекс“, речиси секој 20-ти граѓанин кој работел кон средината на минатата година, веќе не работи, а бројот на вработените во тој период се намалил за приближно бројот на жители на Задар.

Во исто време, бројот на невработени значително се зголеми. Имено, на крајот на јуни минатата година, според конечните податоци на државната статистика, 114.498 граѓани биле без работа, а една година подоцна 150.651, што е скок од речиси една третина. (МИА)