Покрај физичките проверки со кои треба да се утврди дека не носите оружје, хемикалии или експлозиви при минување на граница, постои можност да се воведе и друга контрола.
Имено, жителите на земјите кои не се членки на ЕУ и патуваат во Унгарија, Летонија и Грција, ќе бидат подложени на детектор за лаги пред да можат да ја преминат границата, пишува порталот „Б92“.
Користејќи вештачка интелигенција, машините ќе анализираат микроекспресии за да проценат дали патникот ја кажува вистината или не. Според информациите, тестирањето ќе заврши до крајот месецов, а царинските службеници ќе бидат упатени за тоа во кои случаи мора да реагираат.
Патниците кои не се сметаат за закана по безбедноста ќе треба да одговорат само на основните прашања – име, презиме, роденден, причина за патувањето, додека оние кои се посомнителни ќе минат низ подетален преглед.
Новиот систем има само 85 отсто успешност и предизвикува критики кај некои поединци. Првично, тестот ќе се спроведува само доколку патникот даде писмена согласност за тоа.