вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Загина еден од пилотите на српскиот воен авион

Загина еден од пилотите на српскиот воен авион

Српски воен авион се урна утрово во близина на местото Ковачица во јужен Банат, при што загина еден од пилотите, а вториот е во критична состојба.

Според неофицијалните информации двајцата пилоти се катапултурале пред уривањето на авионот. Инцидентот се случил околу 9:30 часот.

Повредениот пилот е пренесен на Воено медицинската акдемија (ВМА) во Белград.

Засега нема повеќе детали за инцидентот и за причините за уривањето на авионот.

МИА