Жител на атинското предградие Ипократио Политиа, каде што пожарот сѐ уште е вон контрола, загина денеска откако се здобил со удари во главата по пад на столб за струја, јави дописничката на МИА од Атина.
Мажот, на 38-годишна возраст, со сериозни повреди бил пренесен во болница, од каде што соопштија дека 70 минути траеле обидите да се реанимира, но безуспешно.
Пожарите во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и понатаму се активни и не се ставени под контрола и покрај напорите на пожарникарите.