Загина пилотот на грчкиот воен авион што претпладнево се урна североисточно од островот Скирос, потврди министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос на неговиот Твитер профил.
-Еден грчки пилот во пантеонот на хероите. Загина за верата и татковината, борејќи се за одбрана на нашиот национален суверенитет и територијален интегритет, напиша Каменос на Твитер и изрази сочувство до семејството и до припадниците на военото воздухопловство на Грција.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, за сега нема информации што е причината за падот на грчкиот воен авион Мираж 2000-5.