среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Загина српскиот амбасадор во Португалија, паднал од карпа

Загина српскиот амбасадор во Португалија, паднал од карпа

Српскиот амбасадор во Португалија Оливер Антиќ почина денеска попладне во несреќен случај, при пад од карпа, јавија португалските медиуми.

Според наводите на локалниот медиум „Кореио да Мања“ Антиќ бил во работна посета на општината Кашаиш во придружба на друг дипломатски персонал.

Тој паднал од карпа, а неговите колеги веднаш се јавиле во итната служба во 13.20 часот, и амбасадорот бил извлечен жив од морето, по што е префрлен на реанимација, но португалскиот „Обсервер“ пишува дека починал на самото место.

Антиќ е роден во Белград во 1950 година, каде завршил и основно училиште, гимназија и Правен факултет. Магистрирал во 1978, а докторирал 1983 година. Бил декан на правниот факултет во Белград од 1998 до 2000 година.

Во тоа време по донесувањето на Законот за универзитетот, т.н. Шешељов закон отпуштени се професори од Правниот факултет кои биле критички настроени кон тогашниот режим.

Бил близок со Српската радикална странка, а подоцна станал еден од основачите на СНС.

Указот за именување на Антиќ на функцијата амбасадор во Португалија беше издаден од српскиот претседател Томислав Николиќ на 10 ноември 2015 година, а четири години подоцна српскиотпретседател Александар Вучиќ донесе указ за назначување на Оливер Антиќ на функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Србија во Демократската Република Сао Томе и Принципе, на нерезиденцијална основа, со седиште во Лисабон.

Сепак, неговото име најмногу ќе остане запаметено по аферата „Индекс“, која е најголемиот случај на корупција во образовниот систем на Србија.