петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Загинаа четири лица во судир на грчки танкер со турски рибарски брод

Загинаа четири лица во судир на грчки танкер со турски рибарски брод

Најмалку четири лица загинаа, откако кусо пред шест часот утрово, во близина на Караташ, во областа Адана во Турција, се судриле грчки танкер со турски рибарски чамец, соопштија од крајбрежната служба на Турција, јави дописничката на МИА од Атина.

Рибарскиот чамец се превртел, а спасувачките тимови, ги извлекле безживотни тела на четири од петте лица во чамецот, а акцијата продолжува за да се пронајде уште едно лице, кое се води за исчезнато.

Причините за несреќата, што се случила на 15 наутички милји од брегот, сѐ уште се непознати.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, танкерот што пловел под грчко знаме е со 27 членови на екипажот, од кои 13 се Грци. (МИА)