сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Застрашувачки видеа од пожарите во Атина сведочат за големиот ужас

Застрашувачки видеа од пожарите во Атина сведочат за големиот ужас

Колку е голем размерот и силата на смртоносните пожари што ја зафатија Атина и околината покажуваат видеата направени од авион и од хеликоптер кои се објавени на социјалните мрежи.

На 74 лица се искачи бројот на жртвите во пожарите во околината на Атина, додека пак повредени се 187 лица, од кои 23 деца, соопшти портпаролката на грчката противпожарна служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Според тамошните медиуми, ваква огнена стихија не се памети изминативе десет години.