четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Затаен данок од 24,5 милиони евра во Грција: На листата има лекари, спортски клубови, фризерници…

Затаен данок од 24,5 милиони евра во Грција: На листата има лекари, спортски клубови, фризерници…

Лекари, туристички агенции, сметководители, фитнес центри, фризерски салони, спортски клубови,  компании за транспорт, за храна, за облека, се дел од бизнисите што се најдоа на листата на затајувачи на данок за периодот 2014-2019 година во Грција и ѝ направиле штета на државата во висина од 24,5 милиони евра според податоците од Независната служба за јавни пригоди, кои ги објавува грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за 36 случаи во кои не се издавале фискални сметки и фактури, доставувале даночни пријави со неточности или воопшто не поднесувале пријави.

Највисок е износот на компанија за трговија со облека во северна Грција, која во периодот од 2015 до 2017 поради неиздадени фискални податоци затаила данок во висина од 4,5 милиони евра, а над два милиони се износите на две компании од областа Тракија и од островот Крит кои не поднеле даночни пријави и ДДВ. (МИА)