Поради силни снежни врнежи во Подгорица за сообраќај е затворен аеродромот, а некои дојдовни летови се пренасочени кон аеродромот во Тиват.
-Екипи на Аеродромот Црна Гора и војската во текот на ноќта и утрото ја исчистија пистатаи маневарските површини, но силните врнежи утринава повторно создадоа снежна покривка која го оневозможува безбедниот сообраќај соопштуваат од аеродромот.
Оттаму додаваат дека се вложуваат максимални напори за да се нормализира ситуацијата и аеродромот повторно да биде отворен.