петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Заврши собирот на Србите во Митровица: Испратија пораки за мир без инциденти (ФОТО+ВИДЕО)

Заврши собирот на Србите во Митровица: Испратија пораки за мир без инциденти (ФОТО+ВИДЕО)
фото: танјуг

Заврши собирот на косовските Срби во Северна Митровица. На протестот немаше инциденти, но РТС јавува дека група Албанци во населбата Бошњачко маало поставиле албански знамиња.

На собирот се обратија неколкумина сегашни и поранешни политички чинители на Косово. Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ рече дека мандатот го враќаат на српскиот народ кој ги избрал, а не на Приштина. Рече дека во Северна Митровица собирот има за цел да испрати јасна порака дека е доста од „шиканирање“ од страна.

Поранешниот градоначалник на Северна Митровица, Милан Радојевиќ, пак, им се заблагодари на присутните и рече дека собирот испраќа пораки за мир.

– Десет години му дававме шанса на Бриселскиот договор, но жал не успеавме. Утрово и официјално поднесовме оставки. Нашата борба продолжува, и таа ќе биде само во друг облик, рече Радојевиќ.
Суспендираниот командир на полицијата, мајорот Ненад Ѓуриќ порача дека Србите на Косово немаат друга земја.

Институциите ги напуштија и судиите и обвинителите, а судијката Љиљана Стевановиќ рече дека таквата одлука била едногласна.

ФОТО: Радио контакт плус

– Нашата одлука е јасна. Мислам дека ние сме најдобри амбасадори на српскиот дел од правосудството, рече Стевановиќ, додавајќи дека луѓето на Косово бараат елементарни човекови права.

Претходно, косовската полиција повика граѓаните мирно да протестираат, додавајќи дека постои оперативен план доколку на протестот дојде до инциденти.

Протестот почна со интонирањето на српската химна, а организацијата доаѓа откако вчера претставниците на Србите на Косово ги напуштија институциите.

Претходно беа одржани посебни седници во четири општини на северот на Косово на кои градоначалниците на Лепосавиќ, Северна Митровица, Звечан и Зубин Поток и формално поднесоа оставка од својата функција.

На седниците оставки поднесоа и претседателите на општинските собранија, како и советниците.

Со ова претставниците на четирите локални самоуправи на северот на Косово почнаа да ги спроведуваат одлуките и заклучоците што беа донесени на саботната седница на политичките и институционалните претставници на Србите на Косово.