вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Зеленски пристигна во прва официјална посета на Грција

Зеленски пристигна во прва официјална посета на Грција

Претседателот на Украина Володимир Зеленски попладнево пристигна во Атина во официјална посета на Грција и планирано е да се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Миотакис, со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, но и да присуствува на неформалната вечера во премиерската палата заедно со лидерите од регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова е прва официјална посета на Зеленски на Грција по руската инвазија на Украина, а пристигнувањето во Атина и програмата се држеа во строга тајност и официјално беа соопштени половина час пред средбата со Мицотакис.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека Мицотакис и Зеленски ќе имаат тет а тет средба, потоа и состанок на двете делегации, по што ќе следи прес конференција.

По средбата со Мицотакис, Зеленски ќе се сретне со Сакеларопулу, а во 20.15 часот по локално време ќе присуствува на неформалната вечера за лидерите од регионот, посветена на ЕУ перспективата на Западен Балкан на која ќе учествува и премиерот Ковачевски.