сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Земјотрес на божиќно утро во Словенија, се осетил и во Хрватска: Потресот ги разбудил луѓето

Земјотрес на божиќно утро во Словенија, се осетил и во Хрватска: Потресот ги разбудил луѓето

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е почувствуван утрово во Словенија, кај Љутомер, на 40 километри од Марибор. Земјотресот бил почувствуван и во Хрватска во близина на границата со Словенија. Според словенечкото надлежно министерство, земјотрес со јачина од 1,5 степени според Рихтер е почувствуван во близина на Марибор.

Земјотресот ги разбуди Словенците на божиќното утро. Според првите информации од ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени, а подоцна е сменет на 3,8.

Бројни граѓани веќе ја преплавија апликацијата со коментари.

– Добро стресе, напиша еден.

– Креветот ми се тресеше јако, скокнав на нозе, не знаев што се случува, јавува друг граѓанин.