Единаесет луѓе на летот на „Делта ерлајнс“ беа пренесени во болница, откако доживеале тешки турбуленции пред да слетаат во Атланта, изјави портпаролот на компанијата за Си-Ен-Ен.
Авионот, кој полетал од Милано, превезувал 151 патник и 14 членови на екипажот, кога до крајот на летот настанале турбуленции, изјави портпаролот на „Делта“.
Меѓу повредените има и патници и членови на екипажот.
Не се знае точниот степен на повредите.
Инцидентот се случил непосредно пред слетувањето на аеродромот во Атланта, каде авионот на крајот безбедно се приземјил.