четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Абас на средба со Ердоган

Абас на средба со Ердоган

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави телевизијата Си-Ен-Ен-Турк.

Абас вчера пристигна во Анкара во тридневна официјална посета на покана на Ердоган.

Палестинскиот претседател денеска беше пречекан со официјална церемонија во турската престолнина.

По разговорите на Абас со Ердоган во турското претседателство, двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција.

На официјалната церемонија во Анкара присуствуваа потпретседателот на Турција Фуат Октај, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, директорот за комуникации на турското претседателство Фахретин Алтун, портпаролот на претседателот Ибрахим Кален, гувернерот на Анкара Васип Шахин.  (МИА)