петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Аџиите почнаа да пристигнуваат во Мека

Аџиите почнаа да пристигнуваат во Мека

Муслиманските верници денеска почна да пристигнуваат во Мека на аџилак, но во драстично помал број поради пандемијата со новиот коронавирус.

Аџилакот почнува в среда и обично Мека во текот на петдневниот верски обред ја посетуваат околу 2,5 милиони луѓе од разни краеви на светот.

Министерството за аџилак на Саудиска Арабија соопшти дека годинава ќе можат да учествуваат од илјада до 10.000 луѓе, кои веќе престојуваат во земјата, од кои две-третини се жители кои имаат странско државјанство.

Саудиската Влада годинава ќе ги покрие трошоците на аџиите, вклучително овброците, хотелското сместување, транспортот и здравственото осигурување.

Саудиска Арабија од аџилакот секоја година има една милијарда долари приход,

Кралството е една од најзагрозените земји од епидемијата со Ковид-19 на Блиски Исток, со повеќе од 266.000 инфицирани лица и 2.733 смртни случаи. (МИА)