Австралиските власти денеска го затворија аеродром во главниот град Канбера, откако два пожари во негова близина се споија во еден неконтролиран пожар.
Властите им рекле на жителите и вработените во околните објекти дека е доцна за евакуација.
Во стотици пожари во Австралија кои горат од септември загинаа 29 луѓе и околу милијарда животни, уништени се 2.500 куќи, а вкупната површина погодена од пожарите е голема како третина Германија.