Руската авиокомпанија Аерофлот соопшти дека ќе ги откаже сите летови до европските дестинации до понатамошно известување.
Аерофлот објави соопштение откако многу земји решија да го затворат воздушниот простор во знак на протест поради рускиот напад врз Украина.
Европската унија претходно одлучи целосно да го затвори воздушниот простор за руските авиони.