сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Аја Софија „окупирана“ од 20.000 полицајци: Се одржува првата молитва од 1934 година (ФОТО+ВИДЕО)

Аја Софија „окупирана“ од 20.000 полицајци: Се одржува првата молитва од 1934 година (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници верници почнале да се собираат пред Аја Софија во Истанбул во која денеска ќе се одржи првата молитва од 1934 година.

Заради пандемијата од корона вирусот, турските власти го ограничиле бројот на верници кои ќе присуствуваат на првата молитва на 1.453 луѓе, што ја симболизира годината во која Турците го покориле Константинопол. Околу 500 верници ќе ја извршат молитвата во Аја Софија, додека останатите ќе се молат надвор на пет молитвени места покрај џамијата.

На 11 места ќе бидат формирани контролни пунктови каде што на верниците ќе им се мери температура пред молитвата. Маските се задолжителни. Местото ќе го обезбедуваат околу 20.000 полицајци, а ќе присуствуваат и 736 доктори, повеќе од 100 возила на итна помош и санитетски хеликоптер.