Две жени загинаа во напад на ајкула во местото Сал Хашиш во близина на Хургада, соопшти египетското Министерствот за животна средина.
Идентитетот на жртвите не е познат.
Гувернерот на Црвеноморската област наредил затворање на сите плажи во таа област на три дена.
Како што се соопштува, тим на експерти работи на идентификација на причините и околностите за нападот и причина за ваквото однесување на ајкулите.