вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АКО ПЛАНИРАТЕ ОДМОР ВО ИТАЛИЈА ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Денеска откажани над 200 летови, еве за што се работи

АКО ПЛАНИРАТЕ ОДМОР ВО ИТАЛИЈА ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Денеска откажани над 200 летови, еве за што се работи

Повеќе од 200 летови се откажани денеска во Италија поради четиричасовниот штрајк на вработените на аеродромите и авиокомпаниите.

Имаше откажани летови во Италија, но и голем број откажувања кон Франкфурт, Париз, Лондон и Цирих.

Неколку италијански синдикати свикаа штрајк, што влијаеше на италијанскиот авиопревозник ЕНАВ, како и на авиокомпаниите Рајанер, Изи Џет и Волотеа.

Како што наведуваат италијанските медиуми, штрајкот е поради спор околу правата на вработените, условите за работа и минималните плати. (МИА)