Повеќе од 4.600 луѓе починаа за време на екстремните горештини во Шпанија ова лето, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на шпанскиот здравствен институт Карлос III.
Претходно беше објавено дека екстремната жештина, која беше забележана во јули во Шпанија, предизвика смрт на 2.064 луѓе.
Сепак, според дневниот систем за следење на смртноста на институтот, од 1 јуни до 30 август од горештините починале 4.655 луѓе.
Најмногу смртни случаи имало во јули и август – 2.223 и 1.602.
Летово во Шпанија беа забележани температури од над 40 степени.