Компанијата Амазон го лансираше својот систем за следење, заснован на вештачка интелигенција (АИ), со цел да се контролира физичката дистанца меѓу вработените во канцелариите и погоните заради намалување на ризикот од пренесување на коронавирус кај работниците.
Најголемата фирма за онлајн продажба се соочува со интензивен надзор од страна на американските пратеници и синдикати за да се види дали прави доволно за да го заштити персоналот во време на пандемија.
Мониторите поставени во магацините на компанијата ќе ги означува работниците кои држат растојание со зелена боја, додека оние кои се блиску еден до друг ќе бидат со црвена боја.чуварите на безбедноста.
Амазон, исто така, тестира преносен уред што се вклучува и звучно сигнализира кога работниците се премногу блиску едни до други. Уредот треба да се тестира денеска во магацин надвор од Сиетл.