Шпанската полиција ја огради областа околу украинската Амбасада во Мадрид откако примила нов „крвав пакет“, сличен на тие кои им беа испратени на други амбасади, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.
Ова се случило откако пред неколку дена серија од шест писма-бомби беа упатени до официјални претставници и институции во Шпанија, влучувајќи ја и Американската амбасада, канцеларијата на шпанскиот премиер Педро Санчез, Минстерството за одбрана, производителите на оружје, воздушната база и европскиот сателитски центар.
Министерство за надворешни работи на Украина соопшти денеска дека нивни амбасади во неколку земји примиле пакети во кои имало животински очи.