недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Амбасадорите на ЕУ одобрија мисија за обука на 15.000 украински војници

Амбасадорите на ЕУ одобрија мисија за обука на 15.000 украински војници

Амбасадорите на ЕУ денеска едногласно одобрија мисија за воена обука за околу 15.000 војници на украинските вооружени сили, изјавија неколку дипломати за ДПА.

Како одговор на руската војна против Украина, што почна пред речиси осум месеци, шефот за европската дипломатија, Жозеп Борел, во август ја покрена идејата за нова иницијатива за обука на украинските војници.

Според претходните најави, мисијата може да вклучи обука во области како што се логистиката и заштитата од нуклеарно, биолошко и хемиско оружје, пренесува ДПА.

Денешната одлука на амбасадорите на 27-те земји-членки на Европската унија треба официјално да биде одобрена и од шефовите на дипломатиите на ЕУ, во понеделник во Луксембург. (МИА)