сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Америка се сеќава на масакрот на Велигден: Ја убил својата мајка, братот и осум деца- крвта течела во подрумот (ФОТО+ВИДЕО)

Кога имал 16 години, Џејмс избегал од својот дом и се обидел да се обеси. Не успеал и се вратил дома.
Америка се сеќава на масакрот на Велигден: Ја убил својата мајка, братот и осум деца- крвта течела во подрумот (ФОТО+ВИДЕО)

Џејмс Урбан Руперт, 84 годишниот е еден од најлошите американски масовни убијци. На Велигден во 1975 година во куќата на својата мајка во Хамилтон, Охајо, уби 11 членови на своето семејство.

Џејмс живеел со својата мајка Черити, а на тој Велигден на гости им дошле неговиот постар брат Леонард јуниор со сопругата алма и осумте деца, на возраст од 4 до 17 години.

Семејството си играло со децата, бабата Черити правела ручек, а Џејмс спиел. Се разбудил околу 16 часот, наполнил три пиштоли и пушка.

Ја переле крвта од ѕидовите

Крвавата драма започнала во кујната каде пукал пукал во својот брат, мајката и снаата. Потоа влегол во дневната соба и ги убил сите осум внуци и внуки. Во секое дете пукал по три пати, за да се увери дека се навистина мртви. Само кај едно од децата испукал еден крушум.

Се било готово за пет минути, а единствен знак на борба била превртената канта за ѓубре. Убиецот три часа седел во крвавата куќа, а потоа ја повикал полицијата, седнал на прагот на куќата и ги пречекал. Не сакал да им одговора на прашањата, се правел луд.

Медиумите откриле дека неговата мајка сакала ќерка наместо Руперт и дека татко му Леонардо бил насилен. Починал кога Руперт имал 12 години, но неговиот постар брат Леонардо јуниор продолжил да го малтретира.

Кога имал 16 години, Џејмс избегал од својот дом и се обидел да се обеси. Не успеал и се вратил дома.

Соседите го паметат како молчеливо, пристојно и образовано момче, кое им помагало на другите. Сепак, го напуштил факултетот, не се оженил, живеел и понатаму со својата мајка. Поради тоа што пиел, не можел да ја задржи работата. Должел пари и на својата мајка и на братот, а мајка му се заканувала дека ќе го избрка од куќата. Почнал да пука и паднал во депресија.

Додека пак Леонард се стекнал со диплома за инженер и се оженил со поранешната девојка на Џејмс. Тој успеал убаво да заработи и изградил куќата, добиле осум деца.

Екипата за увид утврдила дека Џејмс испукал 35 куршуми, а во куќата имало толку крв што таа дури и капела во подрумот, а на сослушувањата во 1995 и 2015 година му биле одбиени барањата за условно ослободување.