понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американец убиен во борбите во Украина

Американец убиен во борбите во Украина

Државјанин на САД бил убиен во борбите во Украина. Во изјава за „Еј-би-си њуз“, загинувањето на Дејн Партриџ го потврди неговата сестра.

Портпарол на Стејт департментот потврдил оти државјанин на САД загинал во источниот регион Донбас.

– Ние сме во контакт со семејството и ја обезбедуваме сета соодветна помош. Поради почит кон приватноста на семејството во ова тешко време, немаме што да додадеме, изјави портпаролот.

Стејт департментот не соопшти како настапила смртта.