петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американска воена база во јужна Сирија нападната со дронови

Американска воена база во јужна Сирија нападната со дронови

Воена база во јужна Сирија, каде што американските војници обучуваа војници како дел од кампањата против Исламската држава, денеска беше нападната со дронови, соопштија двајца американски високи претставници.

Едниот дрон беше соборен, но другиот предизвика мала штета, изјави еден од функционерите, кој сакал да остане анонимен.

Нападите уследија по слични напади со дронови во изминатите неколку дена врз базите на САД и коалицијата во Ирак.

Сириските опозициски активисти изјавија дека нападот со дрон бил извршен врз нафтена постројка во источна Сирија каде што се стационирани американски војници. (МИА)