среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американската потпретседателка го пофали романскиот одговор на миграциската криза

Американската потпретседателка го пофали романскиот одговор на миграциската криза

Американската потпретседателка Камала Харис го пофали хуманитарниот одговор на Романија на бегалската криза предизвикана од војната во Украина.

-Би сакала, за момент, да зборувам  директно со Романците, да ви се заблагодарам во име на САД, рече Харис по состанокот со романскиот претседател Клаус Јоханис во Букурешт. – Романија беше извонредна во великодушноста и храброста што ја покажа, рече Харис.

Таа додаде дека Вашингтон е свесен за „особените предизвици“ со кои се соочува оваа источноевропска земја географски.

Романија е транзитна земја за десетици илјади луѓе кои секојдневно бегаат од Украина. Волонтери и локални власти обезбедија помош, како храна и привремено сместување.

За време на нејзината посета на Романија, Харис водеше разговори со Јоханис, како и со премиерот Николае Чиука и други членови на владата во Букурешт, фокусирајќи се на безбедносните предизвици претставени со руската инвазија на соседна Украина.  (МИА)