понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американската војска зароби припадник на Исламска држава во Сирија

Американската војска зароби припадник на Исламска држава во Сирија

Американската војска синоќа соопшти дека заробила припадник на групата Исламска држава за време на рација во северна Сирија.

Се верува дека Абу Халил ал Фадани, кој беше заробен, „има врски со целата мрежа на Исламска држава во регионот“, се вели во соопштението на американската Централна команда.

– Неговото апсење минатата сабота ги зголеми шансите противтерористичките операции на САД таму да може да таргетираат повеќе членови, рече портпаролот на командата, потполковник Трој Гурлок.

САД имаат околу 900 војници во Сирија со цел да се спротивстават на остатоците од групата Исламска држава, која до 2019 година контролираше голем дел од Сирија.

Информацијата за апсењето на припадникот на Исламска држава дојде во време кога курдските сили поддржани од САД воведоа полициски час по долготрајните судири со ривалските арапски вооружени групи.

Според извештаите на сириските медиуми и активисти, Сириските демократски сили синоќа воведоа полициски час во неколку градови во провинцијата Деир ез-Зор во близина на границата со Ирак, каде што се наоѓаат Американците. Стотици американски војници се стационирани таму од 2015 година.