четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американски генерал: Испраќањето борбени авиони за Украина е „голем ризик, а мала добивка“

Американски генерал: Испраќањето борбени авиони за Украина е „голем ризик, а мала добивка“

Врховниот командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Тод Волтерс, се заблагодари денеска на Полска за понудените борбени авиони за Украина, оценувајќи дека испраќањето Миг-29 би „бил голем ризик, а мала добивка“.

Полска објави дека е подготвена да испорача на Украина преку НАТО авиони Миг-29, ако на тоа се согласат сите земји членки на Алијансата.

– Најефикасен начин да се поддржи украинската војска во борбата против Русија е обезбедување на големи количини противтенковско оружје и системи за противвоздушна одбрана, изјави Волтерс.

Волтерс оцени дека Украина веќе има доволно борбени авиони и дека испраќањето Миг-29 „нема значително да ја подобри ефикасноста на украинската воена авијација“.

Според Волтерс, проценките на разузнавачките служби се дека испраќањето авиони „би можело да се протолкува како пресврт во конфликтот и да доведе до голема руска реакција со што ќе се зголемат шансите за воена ескалација со НАТО“.