Американските ВВС со два хеликоптера извршија воздушни напади врз позиции на сириската армија.
Сириската државна телевизија јави за воздушни напади на американските воени сили врз позициите на војската на Башар ал Асад јужно од градот Камишли.
Еден војник е убиен, а двајца други се повредени. Според сириската опсерваторија за човекови права, двајца сириски војници се убиени во нападот.
Засега нема коментар од Вашингтон.
Војниците биле нападнати откако спречиле американска воена патрола да мине низ областа. Нападот се случи југоисточно од Камишли, град близу сириско-турската граница.